Експресна реакција во Бугарија: Борисов побара, Михајлов даде оставка!

Претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов побара од првиот човек на Фудбалскиот сојуз, Борислав Михајлов да си даде оставка.

Фудбалската репрезентација на Англија убедливо ја победи Бугарија со 6-0 во рамки на квалификациите за Евро 2020, а мечот остана запаметен по големите расистички и нацистички повици од трибините, но и по оставката на претседателот на Фудбалскиот сојуз.

„Ројетс“ објави дека навивачите на Бугарија освен расистичките навреди, користеле и нацистички поздрав, па премиерот Борисов побара од Михајлов да си поднесе оставка.

„Тоа е неприфатливо за Бугарија, која е една од најтолерантните држави во светот. Не смее да се поврзуваме со вакви расистички навреди“, кажа Борисов.