Интер ќе носи искусен руски напаѓач како резервна варијанта за Лукаку


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По повредата на Алексис Санчез, од Интер ги разгледуваат опциите за да донесат нов напаѓач во јануари.

Се шпекулираше дека клубот од „Џузепе Меаца“ ќе го засили Оливие Жиру од Челси, но сепак Французинот веројатно ќе остане во Челси до крајот на сезоната.

Сега италијанските медиуми пишуваат дека во јануари во Интер би можел да стигне искусниот Артем Дзјуба. Неговиот договор со Зенит истекува следното лето и би можел да пристигне на Апенините за прифатлива сума за Интер.