Спасот за Јунајтед пристигнува од С. Арабија: Принцот подготвува богата понуда за да го купи!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Принцот на Саудиска Арабија, Мохаме Бин Салман подготвува и трета понуда за купување на Манчестер јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ веќе одбија две понуди од кралското семејство, а втората била од неверојатни три милијарди фунти.

Сегашните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер, двапати ги одби Арапите со објаснување дека клубот не се продавал по секоја цена.

Тие го преводат тимот од 2005 година, но јасно е дека во нивните планови е да го продадат Јунајтед и да го препуштат во некои сигурни и амбициозни раце.

Во моментов пазарната вредност на клубот изнесува 2,64 милијарди долари, а шеикот е најсериозен купувач. Сепак, треба да се спомене дека пазарната вредност на тимот падна по лошите резултати и поради тоа што не игра тимот во Лигата на шампиони.