Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од напаѓачите кои ја обележаа модерната ера на фудбалот, Златан Ибрахимовиќ преку својот профил на Инстаграм најави дека ќе се врати во Шпанија.
Шведскиот интернационалец е слободен агент од декември кога ќе му истече неговиот договор со Лос Анџелес Галакси,а сега на нацијата и се обрати преку Инстаграм и порача дека ќе се врати во Шпанија.
„Здраво Шпанија, погодете што? Се враќам“ –кратко истакна Ибрахимовиќ во видеото.
Засега никој не потврдува дали ова е поврзано со неговата фудбалска кариера, или се работи за маркетинг. Неодамна Ибра стана заштитно лице на „Самсунг“ па можно е ова видео да биде поврзано и со таа компанија.
Инаку Ибра во сезоната 2009/10 играше во дресот на Барселона каде постигна 16 погодоци на вкупно 29 лигашки натпревари.
“Hola España. Guess what… I’m coming back.”
What’s Zlatan Ibrahimovic hinting at here then? ??? pic.twitter.com/YPZul5CyHH
— Metro Sport (@Metro_Sport) October 29, 2019