Јара Туре со Кинезите си поигрува како со дечиња од градинка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јара Туре пред неколку денови со екипата на Кингдао Хуангаи се избори за влез во највисокиот ранг на кинескиот фудбал.

Туре со години беше меѓу најдобрите играчи во везниот ред, овој 36 годишен фудбалер во Кина пристигна пред неколку месеци после неславна и краткотрајна авантура во Олимпијакос.

Кингдао во 29. Коло во Јиа Лига (втора кинеска лига) со 2:0 славеше во Шангај против Шенксина и така се пласираше во повисок ранг.

Едно коло пред крајот, Кигдао е на првото место со 57 бода, второпласираниот Гуижо Жиченг има 54, а третопласираниот Шијазуанг има 53. Првите два тимови одат во повисок ранг.

За голем дел од успехот на овој тим е заслужен и Туре кој оваа година првпат заигра за Кингдао. Поранешниот играч на Манчестер Сити и Барселона после својот постигнат успех ја објави следнава порака:

„Испишавме историја. Идната сезона Кингдао ќе биде онаму каде што припаѓа – во најјаката лига во Кина. Горд сум што можев да помогнам за да стигнеме до каде што сме, но јас ја сакам титулата!“

Туре како да има крилја бидејќи изгледа апсолутно доминантен во однос на своите ривали на теренот.

Со оглед на својата физичка конституција, долгиот чекор и одличната техника, поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска без никакви проблеми излегува на крај со своите противници.

На моменти изгледа како Туре да игра потполно друг спорт…