Маркус Рашфорд на „Стемфорд Бриџ“ го постигна голот на кариерата (Видео)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд постигна два погодоци за својот тим на денешното гостување на „Стемфорд Бриџ“.

21 годишниот фудбалер го отвори резултатот од белата точка, а во 73. минута успеа да постигне вистинско ремек дело од слободен удар. Рашфорд од околу 30 метри упати вистинска бомба во горниот агол, а топовскиот удар немаше да го одбранат ни тројца голмани како Вили Кабаљеро.