Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Аргентина беше одиграно градското дерби меѓу Химназија и Естудијантес, а тимот на Диего Марадона беше поразен со 0-1, а легендата на аргентинскиот фудбал повторно имаше кралски третман од страна на навивачите.
Сепак, на полувреме се „закачи“ со фудбалерот на Естудијантес, Гастон Фернандез, кој иронично се смееше додека Марадона сакаше да му одржи лекција.
„Со што се занимаваш? Да не си професионален скокач, кенгур?“, праша Марадона, по што Фернандез го навреди.
Сепак, по некое време фудалерот на Естудијантес реши да му се извини на Марадона поради навреата.
„Нема да се карам со Марадона. Нека остане тоа на теренот и ништо повеќе. И Диего беше фудбалер, знае што е фудбалот и што се случува на теренот“, кажа Фернандез.