Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голманот на Ајакс, Андре Онана истакна дека сака да заигра во англиската Премиер лига во иднина.
За него има интерес од тимот на Тотенхем кој го гледа голманот како долгорочна замена за Хуго Лори кој неодамна доживеа тешка повреда на раката и долго време ќе отсуствува од терените.
„Тоа е одлично натпреварување и секој сака да игра таму. Премиер лигата не е за секого, па ќе видиме дали ќе завршам таму. Сега сум во Ајакс и сум среќен што сум прв голман тука“- истакна Онана.