Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ одигра фантастичен тим и конечно ја задоволи публиката со нивниот настап, откако го растури турски Галатасарај со неверојатни 6-0, а стрелец на три гола беше бразилската ѕвезда Родриго.
Родриго на само 18 години и 301 ден стана втор најмлад стрелец на хет-трик во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ), а првото место му припаѓа на легендарниот Раул, кој на 18 години и 113 дена против Ференцварош во 1995 година беше стрелец на три гола.
Родриго притоа стигна до совршен хет-трик, откако постигна голови со лева и десна нога, како и со глава, а по тоа е најмлад во историјата. Веднаш зад него е Килијан Мбапе, на кој такво нешто му успеа на 20 години и 306 дена против Клуб Бриж.