Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ријад Махрез истакна дека за малку ќе се приклучел на тимот на Арсенал во 2016 година кога „топчиите“ пројавиле сериозен интерес за него.
Арсенал сакал да го донесе фудбалерот, меѓутоа тој останал во Лестер и по две години го направи трансферот во Манчестер Сити вреден 60 милиони фунти.
„По сезоната кога ја освоивме титулата Лестер не ми дозволи да заминам. За мене е јасно, изгубив две години од фудбал на највисоко ниво. Затоа што наместо да направам трансфер во Сити на 27 години , тоа можев да го сторам на 24 или 25, но Лестер го блокира мојот трансфер во Арсенал. Ми кажаа дека нема да можам да си заминам“ –истакна Махрез.