Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во моментов водат борба за првото место на АТП-листата. Постојат неколку сценарија кои им овозможуваат да стигнат до врвот.
Српскиот тенисер мора во четврток да го победи Роџер Федерер и да избори пласман во финале. Доколку загуби, Надал автоматски по петти пат на крајот на годината ќе биде првопласиран, а Шпанецот игра важен меч против Данил медведев.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како првопласиран ако го освои турнирот а Надал не се пласира во финале. А вториот начин е Србинот да се пласира во финале, а Надал да не победи на ниту еден друг натпревар.
Надал ќе заврши како прв ако ја освои титулата во Лондон, се пласира во финале со две победи во група, се пласира во финале со една победа, а Ѓоковиќ не го освои турнирот. Ако не победи на ниту еден друг меч, а Ѓоковиќ не се пласира во финале.