Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатата тенисерка од Словачка, Доминика Цибулкова, која беше една од најдобрите во светот, реши да ја заврши кариерата поради проблеми со Ахиловата пета.
Поранешната ривалка на Ана Ивановиќ и освојувачка на осум ВТА-титули ја објави својата одлука на Инстаграм профилот.
„Денеска со помешани чувства имам посебни вести да споделам. Како што знаете, не одиграв ниту еден турнир периодов. Тоа е поради повредата со Ахиловата пета, која ме натера да се повлечам од тенисот. По многу размислување и поддршката која ја добив од семејството и пријателите решив да се повлечам од тенисот. Ова е момент исполнет со многу чувства. Тага, страв и многу други“, порача таа.