Никој не го очекуваше ова: Покетино би можел да заработи отказ ако…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Никој не очекуваше дека натпреварот против Вест Хем по интернационалната пауза би можел да биде клучен за Маурисио Покетино.

Имено, како што пренесува „Телеграф“, Тотенхем мора да победи на дерби пресметката со Вест Хем во спротивно тоа ќе значи крај на клупата на Тотенхем за Маурисио Покетино.

Аргентинецот и неговиот клуб започнаа катастрофално оваа сезона и во моментов се наоѓаат на 14. позиција по 12 кола во Премиер лигата.

Тотенхем е без победа на последните пет лигашки натпревари, а претходно оваа сезона доживеа невиден срам кога загуби од Баерн Минхен со 7:2.