Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алберт Ботинес, агентот на фудбалерот на Вотфорд, Џерард Делуфеу истакна дека неговиот клиент останал близок до Милан и посочи дека тој би можел да се врати во клубот од „Сан Сиро“.
Делуфеу одигра една полусезона во дресот на Милан каде блесна и на вкупно 17 натпревари постигна четири погодоци и запиша две асистенции пред да се врати во Барселона.
„Остана многу близок до Милан и еден ден тој сака да се врати. Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Фановите на Милан пишуваат за него на социјалните мрежи, тие сакаат тој да се врати во Милан. Џерард ја сака Серија А и италијанскиот фудбал. Не исклучувам ваков трансфер во иднина“ –истакна агентот на Делуфеу.