Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ ова лето стигна во Рома на позајмица од Атлетико Мадрид.
Волчицата се одлучи да го ангажира Калиниќ на едногодишна позајмица и во клубот тој пристигна како резервна опција за Един Џеко. Меѓутоа, после неколку кола Калиниќ доживеа тешка повреда поради која ќе се врати на теренот дури на почетокот на годината.
Хрватскиот напаѓач се на се одигра 182 минути на пет натпревари во дресот на римскиот клуб, се повреди на средината на минатиот месец. Поради тоа, Пауло Фонсека е на големи маки бидејќи моментално Един Џеко е единствениот напаѓач кој го има на располагање.
По италијанските медиуми веќе некое време се шпекулира дека Рома во јануари сигурно ќе доведе уште еден напаѓач кој би можел да биде резервна опција за Џеко.
Како што пишува шпанскиот медиум Marca, тоа најверојатно ќе биде крајот за Калиниќ во Рома. Наводно, римскиот клуб веќе се одлучил да го врати хрватскиот напаѓач во Атлетико Мадрид, и дека парите ќе бидат вложени за доведување на некој нов млад напаѓач.