Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возењето низ белградските улици можело многу да го чини младиот фудбалер на Фиорентина, Алекс Терзиќ.
Неколку разбојници се обиделе да го киднапираат, а на крајот биле уапсени двајца од нив, кои не успеале да го стават дефанзивецот во багажник на автомобил.
Терзиќ на крајот завршил со тешки телесни повреди, а ситуацијата ја раскажа за српските медиуми до детали.
„Во тек на возење ме пресретна Ауди А6 со темни стаклка. Возачот тоаш се обидуваше да ме запре. Застанав, а од аудито излегоа непознати мажи и тргнаа кон мене. Девојката од аудиот викна: Бегај, зашто ќе настрадаш. Веднаш почнав да бегам. Сепак, таму ме стигна Шкода и удри во БМВ. Тие ми рекоа да им дадам 5.000 евра или ќе ме киднапираат. Ме тепаа со раце и нозе и сакаа да ме стават во БМВ, но успеав да побегнам“, вели Терзиќ.