Де Лигт му одговори на Клајверт во врска со случајот „Барселона“

Некогашниот холандски фудбалер Патрик Клајверт пред неколку денови изјави дека Матијас Де Лигт се кае што го одбра Јувентус пред Барселона.

Во морето од понуди, 20-годишниот стопер минатото лето го одбра Јуве, а во борбата за неговиот потпис најголем ривал беше Барселона.

Откако Де Лигт не се снајде најдобро во Торино, Патрик Клајверт се огласи и го кажа своето мислење околу целата таа ситуација.

„Не пробав лично да го убедам да се приклучи на Барселона. Му ги кажав само позитивните аспекти на Барселона како и на клубот, така и на градот“, рече Клајверт и продолжи:

„Очигледно е дека станува збор за одличен стопер кој на крајот сам си ја донесе својата одлука. Мислам дека малку се кае за тоа, но, тоа е – што е“.

„Во животот морате да одлучувате, понекогаш правиме добри но понекогаш и лоши одлуки. Како и да е, од секоја одлука морате да извлечете поука“, заврши Клајверт.

Де Лигт одговори на сето тоа и изјави дека никако не се кае поради тоа што дојде во редовите на Јувентус.

„Не се каам за мојата одлука околу доаѓањето во Јувентус“, рече Де Лигт, а потоа се сврте на изјавата на Клајверт:

„Се и сешто се пишува и се шпекулира. Можеби изгледа како вистина ако личност како Клајверт така изјавува, но стварноста е дека тоа е само негова претпоставка“, рече Де Лигт.