Фудбалерите на Тотенхем во соблекувална ги пречека емотивна порака од Покетино (ФОТО)

Одлуката на управата на Тотенхем во вторникот да го сменат Маурицио Покетино беше изненадување за многу фудбалери на англискиот премиерлигаш.

Уште поголемо изненадување беше кога следното утро се разбудија и видоа дека нивни тренер ќе биде Жозе Мурињо, а под негово водство веќе имаа еден тренинг.

Токму пред тренингот во средата попладне фудалерите на Тотенхем во соблекувалната ги пречека порака од тренерот Покетино.

„Жал ми е што не можам да дојдам и да кажам збогум. Секогаш ќе бидете во моето срце“, порача Аргентинецот.

Да потсетиме, Покетино ги предводеше пет и пол години и од нив направи добар тим.