Јувентус на аргентински погон ја совлада Аталанта во Бергамо


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тимот на Јувентус забележа победа на гостувањето во Бергамо против Аталанта со 3:1.

Домашниот тим поведе со 1:0 во 56. минута со погодокот на Госенс. Претходно, во првото полувреме Бароу не искористи удар од белата точка за Аталанта.

Јувентус стигна до израмнувањево 74. минута кога Гонзало Иугаин  ја затресе мрежата на Аталанта. Истиот фудбалер во 82. минута донесе водство од 2:1, а победата ја запечати Дибала кој ја искористи асистенцијатана Игуаин.

Јувентус ја запиша 11 победа оваа сезона и останува на врвот на табелата во Серија А.