Умтити си заминува од Барселона, негова следна дестинација Англија?

Стоперот на Барселона, Самуел Умтити би можел да си замине од клубот во летниот преоден рок.

Францускиот медиум „Л’Екип“ пишува дека стоперот ќе ги разгледа опциите за заминување од клубот, а би разгледал опција и за враќање во неговиот поранешен клуб, Лион.

Освен Лион, за Умтити подолг период се интересираат Манчестер Јунајтед и Арсенал на кои им требаат стабилни стопери за следната сезона.