Тотенхем и Манчестер Јунајтед не се откажуваат од португалскиот репрезентативец иако тој го продолжи договорот со својот клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Тотенхем нема да се откажат од намерата да го ангажираат фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

25 годишниот фудбалер вчера го продолжи договорот со португалскиот тим и со тоа барем за кратко стави крај на шпекулациите за неговата иднина.

Сепак, клубовите од Англија нема да се откажат од намерата да го ангажираат играчот, но тоа веројатно нема да се случи во јануарскиот преоден рок.

И Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе се обидат да го донесат Бруно Фернандеш во летниот преоден рок.