Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Екипата на Барселона одигра одличен натпревар и без поголеми проблеми славеше против Борусија Дортмунд со 3:1.
„Каталонците“ на овој натпревар беа предводени од ударното трио Меси- Суарез- Гризман кои беа творци на сите погодоци на домашниот тим. Џејдон Санчо беше стрелец на почесниот погодок на Борусија Дортмунд.
Интер со убедливи 3:1 славеше на гостувањето во Прага кај тимот на Славија. Домашниот тим имаше позитивен резултат (1:1)до самиот финиш на натпреварот кога Лукаку и Мартинез со брзи два гола донесоа сигурна победа за Интер.