ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Џек Вилшер само што отиде во Бурмунт, а за неговата десетка почна борбата.
Месут Озил носи број 11, но смета дека плејмејкерот заслужува да носи број 10 од како Вилшер е во редовите на Бурмунт, постои можност да го смени бројот.
Сепак, има еден мал проблем, Вилшер е само на позајмица во Бурмунт и на крајот на сезоната би требало да се врати на Емиратите. А сигурно би било многу лошо ако се врати во Лондон и му кажат дека не го носи бројот 10.
Тој број на времето го носеа фудбалски легенди како што се Пеле, Зидан, Марадона или Ривалдо, што не е ни чудо што Озил би сакал да го носи токму овој број.
“Бројот 10 е идеален за мене и за мојата позиција на плејмејкер”, изјави кратко Озил за Спорт 1 во текот на одморот на кампот на германската репрезентација.