„Нема веќе фудбал, го тргнаа од вистинскиот пат“

Легендарниот германски тренер Јуп Хејкенс смета дека фудбалот оди на погрешна насока.

Големите пари кои големите клубови ги трошат за фудбалерите го уништуваат фудбалот, а тој тврди дека тоа го води до погрешен пат.

“Погледнете ги овие трансфери, фудбалот отиде од правиот пат. Изгубен е правиот дух, и се стана обичен бизнис”, изјави Хејкенс.

Овој стручњак во неговата богата кариера водел великани на европскиот фудбал, а со неговата работа завршил во 2013 година со тројна круна во Баерн.