Евертон доби „корпа“ од еден од тренерите, Унаи Емери седнува на клупата на „карамелите“

Од редовите на Евертон добија корпа од главниот кандидат за менаџерската позиција, Витор Переира.

Актуелниот стратег на Шангај и официјално ги одби „карамелите“ откако во интервју за „Скај Спортс“ посочи дека е среќен во кинескиот клуб.

Интересно е тоа што Унаи Емери е во конкуренција за клупата на Евертон и би можел да оди на „Гудисон“ само две недели по неговиот отказ од Арсенал.