Мајк Дин заборави дека е судија, па запеа клупска химна на теренот

Познатиот англиски судија Мајк Дин за време на професионалната кариера често беше во центарот на вниманието поради своите потези на натпреварите.

Најинтересната сцена која ја има направено е прославата на голот на Тотенхем во дуелот против Астон Вила во 2015. година, а потоа имаше уште неколку неверојатни „испади“.

Пред да започне натпреварот помеѓу Вест Хем и Арсенал, камерата го фати како ја пее химната на Вест Хем – „I’m Forever Blowing Bubbles“.

Дин уште еднаш се покажа како најголем „чудак“ помеѓу судиите, а вистинска среќа е тоа што Арсенал го доби овој натпревар и тој ги избегна критиките кои го очекуваа доколку Арсенал беше губитник на овој натпревар.

Неверојатен е, погледнете…