Ѓоковиќ и Надал ги дознаа можните ривали на турнирот во Абу Даби


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе настапуваат на турнирот во Абу Даби.

Престижниот турнир се игра од 19 до 21 декември, а српскиот и шпанскиот тенисер ги дознаа можните ривали.

Надал и Ѓоковиќ ќе бидат слободни до полуфиналето. Шпанецот за дуел во финалето ќе игра против подобриот од мечот Медведев-Чунг, а Србинот против победникот од дуелот меѓу Циципас и Монфилс.

Минатата сезона Ѓоковиќ во финалето го победи Кевин Андерсон со 2-1 во сетови, односно 4-6, 7-5 и 7-5.

Финалето годинава се игра на 21 декември, а Надал и Ѓоковиќ досега го освоија турнирот по четири пати.