Богдановиќ и Бјелица ќе играат во – затвор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По стариот добар обичај НБА-лигата секогаш има друштвено одговорни акции, па овој пат тие решија да направат нешто поинакво.

Сакраменто кингс и Милвоки бакс ќе бидат првите НБА-екипи кои ќе одиграат меч во затвор. Овој меч се организира под името „играј за правда“, а освен кошаркарите ќе учествуваат и во разговори со затворените лица.

Сакраменто ќе биде прв кој ќе го почне проектот со реновиран отворен терен следниот четврток во затвор во Северна Калифорнија.

Милвоки ќе биде домаќин следниот месец, а двата тима заеднички ќе бидат домаќини во Милвоки на 10 февруари 2020 година.

„Горди сме што сме први учесници на настанот ‘играј за правда’. Спортските франшизи имаат шанса да донесат позитивна промена“, кажа претседателот на Сакраменто.