Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо седна на „жешкото“ столче на Наполи, кој ќе се обиде да го извлече од резултатската криза во италијанската Серија А.
Сепак, пристигнувањето на Гатузо на кормилото на Наполи би можело да има последици за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, барем ако може да им се верува на турските медиуми.
Наводно, Гатузо сакал да го ангажира Лукас Тореира од Арсенал, па доколку успее во таа намера во јануари, тоа значи дека Елмас ќе биде испратен на позајмица, а засега не се открива името на клубот каде што би можел македонскиот фудбалер да заигра во следниот период.
Eljif Elmas'a Gattuso şoku!https://t.co/YPKhWfqB3u
— tweetspor (@tweetsporcom) December 13, 2019