Лео Меси сурово искрен: Многу е тешко да го замениш Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси даде свое видување пред утрешната мега пресметка со Реал Мадрид.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња истакна дека многу е тешко да го замениш Кристијано Роналдо, но посочи дека Еден Азар е играч кој би можел да постигне големи успеси со „кралскиот клуб“ и покрај неговиот слаб старт на кариерата во Реал Мадрид.

„Азар има големи квалитети. Тој е поинаков играч кој може да внесе дисбаланс во противничките одбрани, но мислам дека не е ист со Кристијано, кој има поинакви карактеристики. Многу е тешко да го замениш Кристијано, но исто и Азар е одличен играч“ –изјави Меси.