Санчо со нов гол сруши рекорд во Бундеслигата стар дури 51 година

Борусија Дортмунд синоќа на свој терен го одигра дербито против Лајпциг кое заврши без победник

Милионерите водеа по првото полувреме со 2:0, а во продолжението со две грешки му дозволија на противникот да се врати до 2:2.

Сепак, две минути подоцна Санчо погоди за 3:2, а конечниот резултат го постави Шик во 78. минута и така му донесе бод на својот тим.

Санчо со новиот гол во дресот на Дортмунд го сруши рекордот во Бундеслигата стар дури 51 година.

Со 19 години и 267 дена младиот Англичанец стигна до својот 22. гол во Бундеслигата и така го помина Хорст Копелс кој во 1968. година стигна до таа бројка на 19 години и 269 дена.