Гранит Џака им открил на соиграчите кој е неговиот нов клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гранит Џака е одлучен да го напушти Арсенал и наводно веќе тоа може да се случи наредниот месец.

Џака предходно имаше несогласувања со навивачите, а со своите слаби партии на теренот на големо си ги затвора вратите на Емирати. Ни тој самиот не се гледа во Арсенал и посакува промени.

Најреално во овој момент е враќање во Германија, а Скај пишува дека берлинска Херта е сериозно заинтересирана за неговите услуги и дека ќе преговараат со Арсенал за да го доведат Швајцарецот во своите редови.

Некои медиуми како Билд тврдат дека Џака на своите соиграчи од Арсенал им открил дека заминува во Германија.

Тринаестопласираната екипа во Бундеслигата се надева на “финансиски разумен договор” со Арсенал, а Џака е омилен играч на тренерот на Херта, Јирген Клинсман.

Џака во Германија настапуваше неколку години за Борусија Минхенгладбах од која во 2016. дојде во Арсенал. Предходно ги бранеше боите на Басел две сезони.