Интер многу блиску до охриѓанецот Кулушевски


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Антонио Конте е многу блиску да го обезбеди потписот на младиот фудбалер на Парма, Дејан Кулушевски.

Играчот со потекло од Охрид кој настапува за репрезентацијата на Шведска блеска во дресот на Парма каде игра како позајмен фудбалер оваа сезона.

19 годишниот Кулушевски би требало да биде откупен од страна на Интер во јануари. Нероазурите се подготвени да му платат 30 милиони евра на неговиот матичен клуб, Аталанта кој го поседува неговиот договор.

„Газета дело Спорт“ пишува дека двете страни се блиску до договор за играчот.