Интер прави три екстра трансфери во јануари, проблем може да им направи само Јувентус

Од редовите на Интер посакуваат да донесат три екстра трансфери со кои со сигурност ќе бидат далеку поконкурентни во трката затитулата.

Антонио Конте, според Џанлука Ди Марцио е многу блиску до ангажман на дури три познати и признати имиња во светот на фудбалот.

Прво име е Оливие Жиру кој извесно е дека ќе пристигне на „Меаца“ .Втор играч кој се поврзува со трансфер во Интер е Матео Дармијан, а се водат преговори и со Барселона за Артуро Видал.

Според Ди Марцио, Видал примил телефонски повик и од Јувентус кој исто така сака да го врати во своите редови. Сепак, во моментов тоа е само во доменот на шпекулациите, па Видал е многу поблиску до трансферво Интер.