Барса потврди  – Меси мора на пауза!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сеуште не е познато колку ќе отсуствува, но првата ѕвезда на Барселона мора на пауза.

Лионел Меси денеска е подлегнат на детални тестови поради проблеми со задната ложа, а клубот вечерва потврди дека Аргентинецот ќе мора да паузира.

Иако не е познато колку Меси ќе биде надвор од теренот, во клубот судејќи по се ќе биде наскоро спремен, поради тоа што на официјалниот сајт е наведено дека “Меси ќе мора да пропушти неколку тренинзи, а дека неговото опоравување на теренот ќе зависи од брзото опоравување“.

Тоа значи дека Меси сигурно ќе ги пропушти дуелот со Алавес во сабота од 20:30 часот, а сеуште не се знае дали ќе биде спремен за премиерата во ЛШ против Селтик во вторник од 20:45 часот.

Да потсетиме, Луис Енрике во оваа недела доби и добри вести поради тоа што после речиси 20 дена се вратија Андрес Иниеста и Жереми Матје.