Дефинитивно Ливерпул ја освојува титулата: Вулверхемптон го „здрви“ Манчестер Сити на „Мулину“ (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Вулверхемптон стигна до победа на која ќе се радува и Јирген Клоп кој сега има огромни 14 бода предност пред Манчестер Сити, а има и еден натпревар помалку.

Сити речиси цел натпревар го играше со играч помалку откако Едерсон доби црвен картон, а на негово место влезе Клаудио Браво.

И покрај играчката негатива, Сити поведе со 2:0 со головите на Рахим Стерлинг, но потоа следуваше вистинска канонада кон нивниот гол.

Адама Траоре,  Раул Хименез и Мет Доерти ја тресеа мрежата на „граѓаните“ и со тоа уште на половина од Премиер лигата го решија прашањето кој ќе биде шампион во Премиер лигата.