Нов кикс на Мурињо и Тотенхем, Лестер се врати на победата (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Норвич и Тотенхем одиграа одличен натпревар на „Кароу Роуд“ кој заврши без победник и со четири погодоци во протнивничките мрежи (2:2).

Марио Вранчиќ во 18. минута го отвори резултатот и донесе голема радост за домашниот тим. На 1:1 израмни Кристијан Ериксен со прекрасен гол од слободен удар во 55. минута.

Серж Орие си постигна смешен автогол за повторно водство на Норвич, а конечниот резултат го постави Хари Кејн од пенал во 83. минута.

Лестер пак победи на гостувањето кај Вест Хем со 2:1 и со тоа веројатно му пресуди на Мануел Пелегрини кој се очекува да добие отказ во следниот период.