Еден играч си заминува од Манчестер Јунајтед во јануари

Аргентинскиот фудбалер од редовите на МанчестерЈунајтед, Маркос Рохо речиси сигурно ќе си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.

За стоперот кој еднакво добро игра и на левата бековска позиција во летниот преоден рок постоеше интерес од Евертон кој се очекува исто така да се приклучи во трката и во јануарскиот преоден рок.

Освен Евертон, за Рохо има интерес и од Вест Хем, тим кој се наоѓа во лоша ситуација и кој ќе мора да купува во јануари за да ја подобри состојбата во клубот.