Дали во Австралија пронајдоа решение за ВАР?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Видео технологијата предизвикува бура од реакции во последно време.

Од оваа сезона ВАР е редовен и на терените во Премиер лигата, беа донесени и добри одлуки на ВАР судиите, но во центар на вниманието беа оние сомнителните.

Многу се зборуваше за проблемите која со себе ги донесе иновацијата на ФИФА, некои мислат дека се губи смислата на фудбалот, дека сега сите треперат кога ќе постигнат гол дали истиот ќе биде поништен, а во Англија посебно внимание се сврте кон методот “линијар и шестар”, кој милиметарски прецизно оценува дали некој е во офсајд позиција или не.

Имаше и спорни моменти околу прекршоци, играње со рака, протестираа тренери, посебно од Премиер лигата, се чини дека општ впечаток дека е потребно многу доработување за ВАР да функционира како што треба.

Воведен е ВАР во Австралија, а се чини таму е направен голем чекор, кој би може да е од голема корист.

Имено, во преносот при интервенција на ВАР собата, може да се слушне разговорот меѓу главниот судија и неговите колеги од ВАР собата.

Така процесот на донесување на одлуката дополнително е приближен до гледачите, а тоа го смалува просторот за грешка, бидејќи судиите мораат до најмал детал да ја објаснат причината за донесената одлука.

Се чини дека ова е иднината, ВАР може да биде од голема корист за фудбалот, но мора дополнително да се корегира, па впечатокот од аудио преносот од разговорот помеѓу судиите е од големо значење.

Погледнете во продолжение од ситуација од меч од австралиска лига.