Играчот на Барселона се "означи" на Емирејтс: Дали Арсенал добива засилување?

Навивачите на Арсенал се убедени дека јануарското засилување на нивниот тим ќе биде францускиот фудбалер Самуел Умтити.

Одбранбениот играч на Барселона синоќа од трибини го гледаше англиското дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, а по означувањето дека е на Емирејтс, настана вистинско лудило меѓу навивачите на Топџиите.

Многу се сигурни дека 26-годишниот фудбалер е засилување на Арсенал и дека наскоро ќе биде промовиран како нов играч на клубот.

Умтити не е стандарден во Барселона. Повредите од предходно се причина да не игра редовно, но во Арсенал нема дилеми дека би го осигурал своето место во првите 11.