Лампард добива неочекувано „засилување“ во јануари


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дани Дринквотер ќе се врати во редовите на Челси на 6 јануари кога ќе заврши неговиот договор за позајмица со Барнли.

Договорот нема да се продолжи и Дринквотер ќе се врати во матичниот клуб, а тоа го потврди и тренерот на Барнли, Шон ДАјч.

Неговиот период во Барнли го обележа повредата на глуждот која го оддалечи од терените уште од септември, а неговото име се појави во медиумите и кога беше нападнат од банда во клуб во Манчестер.