Кратко траеше авантурата во Бока Јуниорс: Де Роси се врати во Италија и објави важна вест


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Даниеле Де Роси стави крај на кратката авантура во редовите на аргентинскиот великан Бока Јуниорс.

Искусниот фудбалер денеска тренирал со тимот и по тренингот веднаш си заминал за Италија раскинувајќи го договорот со клубот поради лични причини.

36 годишниот Де Роси со тоа се решил да стави крај на професионалната фудбалска кариера која ја градеше во Рома, за на крај да заврши во Бока Јуниорс.

Де Роси свикал и прес конференција на која детално ќе објасни зошто предвреме го прекина ангажманот во Бока и ќе ги објави неговите следни намери за во иднина.