Крос во стилот на Шаќири му даде гол од корнер на Валенсија (Видео)

Тони Крос постигна фантастичен погодок во куп пресметката против Валенсија која се игра на „Месталја“.

Германецот во стилот на Артим Шаќири погоди директно од корнер и постигна ретко виден погодок. Крос забележа дека Доменех е истрчан и одлично го изведе корнерот по што донесе голема радост за својот тим.