Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Португалија повторно пренесуваат дека Бруно Фернандеш би можел да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.
„Диарио Де Нотисијас“ пренесува дека трансферот би можел да се реализира со голема брзина и би можел да биде комплетиран во следните неколку денови.
Манчестер Јунајтед треба да постигне финален договор и со играчот, додека со Спортигн Лисабон работата е пред договор, а Манчестер Јунајтед е подготвен да вклучи и некој од своите играчи во понудата за Бруно Фернандеш.
Инаку, Оле Гунар Солскјер на прашањето дали бил да го гледа Бруно Фернандеш во живо изјави дека тој постојано оди да гледа натпревари во живо, одбивајќи да отфрли можност за ангажман на играчот.