Агентот на фудбалер на Интер на „Сент Џејмс Парк“: Наскоро следи трансфер…


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Агентот на младиот фудбалер на Интер, Валентино Лазаро е на „Сент Џејмс Парк“ каде ќе го проследи натпреварот помеѓу Њукасл и Челси.

„Скај Спортс“ пренесува дека Њукасл се интересира во своите редови да го донесе австрискиот репрезентативец кој не одигра многу во првите шест месеци на „Џузепе Меаца“.

Њукасл ќе се обиде првично да го донесе фудбалерот на позајмица, а следната сезона би можел да го откупи перманентно неговиот договор.