Бруно Фернандеш го притиска Спортинг за трансфер во Јунајтед, следните денови продолжуваат преговорите

Бруно Фернандеш го притиска својот клуб да го пушти да направи трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.

Двата клуба изразиле подготвеност повторно да се сретнат и да разговараат за продажбата на Фернандеш откако првичните преогвори влегоа во ќорсокак по барањето на Спортинг за значително поголемо обесштетување.

Понудата на Манчестер Јунајтед која била вредна 60 милиони фунти и била изразена со плаќање на 43 милиони фунти веднаш и 17 милиони фунти во бонуси, првично се очекуваше да биде прифатена, за подоцна од Спортинг да ретерираат и да ја одбијат.

Португалскиот клуб бара Манчестер Јунајтед да плати повеќе пари наеднаш, односно околу 55 милиони фунти, а другото да биде изразено во бонуси, нешто што Манчестер Јунајтед одби да го направи.

Сега следуваат нови преговори на кои се верува дека двете страни ќе ги доближат ставовите и конечно ќе постигнат договор за Фернандеш.