Судијата го предупреди Кирјос, а потоа на теренот се создаде - вистинска комедија (ВИДЕО)

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос постојано прави проблеми на теренот, но на неговиот последне меч се создаде вистинска комедија.

Кирјос во второто коло на Австралијан опен го победи Жил Симон со 3-1 во сетови, а во текот на вториот сет направи комедија на теренот.

Судијата на мечот го предупреди за времето кое го троши при подготовка за сервис, а Кирјос се налути поради тоа, па реши да имитира негов противник.

Поточно реши да го имитира Рафаел Надал и неговиот начин на подготовка за сервис, која трае навистина долго, а ниту судијата не можеше да ја задржи насмевката по реакцијата на Кирјос.