Ривалите повторно ќе соработуваат: Јувентус договара размена со Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Милан и Јувентус повторно ќе соработуваат на трансфер-маркетот, а овој пат станува збор за позајмица.

„Росонерите“ планираат да се разделат со Лукаш Пакета, кој беше еден од најдобрите фудбалери минатата сезона, но сезонава целосно се загуби на теренот и го покажа своето незадоволство.

Бразилецот се поврзуваше со ПСЖ, но клубовите не се договорија за трансфер, па поради тоа „Тутомеркато“ објави дека Милан преговара со Јувентус за размена на фудбалери.

„Старата дама“ го посакува Пакета во своите редови, а во Милано планира да го испрати Федерико Бернардески, па доколку Милан се согласи на ваквиот предлог, тогаш ќе добие квалитетно засилување во екипата.