Михајловиќ се врати во болница: Му забраниле дури и да се ракува…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ мораше повторно да се врати во болница поради тоа што треба да има третман, кој е нормален по пресадување на коскена срж.

Србинот веќе со месеци се бори со леукемија, а сакаше да се откаже и од фудбалот поради тоа, но Болоња реши да го врати и покрај болеста.

„Господинот Михајловиќ се јави во болницата за да добие третман, кој е неопходен во неговото лекување, посебно по трансплантација на коскена срж. Медицинскиот персонал е убеден дека Синиш за кратко време ќе ја напушти болницата“, соопштија докторите од Болоња.

Во текот на викендот Миха седеше на клупата на мечот против СПАЛ, а фудбалерите го очекуваат наскоро повторно на теренот.