Алексис Санчез по само шест месеци го напушта Интер

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез минатото лето пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица.

Алексис ги гледаше натпреварите на Јунајтед во поголемиот дел од клупата минатата сезона и одлучи дека е време да си замине. Чилеанецот потпиша за Интер каде беше најавен како големо засилување, но поради повреда го пропушти голем дел од првиот дел од сезоната.

31-годишниот напаѓач одигра само седум натпревари оваа сезона за Интер и постигна еден гол. И кога се опорави од повредата, не е во планот на Антонио Конте, бидејќи Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез играат во одлична форма.

Но, англиските медиуми објавија дека доаѓа голем пресврт и дека Алексис Санчез неочекувано ќе се врати во Манчестер Јунајтед до крајот на овој месец.

Јунајтед е во неволја затоа што се повреди Маркус Рашфорд и не можат да ја најдат вистинската замена за него на пазарот. Оле Гунар Солскјаер им порача на челниците на клубот да го вратат Алексис од Интер и дека нема потреба воопшто да се купи некој.